Пендаровски во телефонски разговор со претседателот на Австрија, го осуди терористичкиот чин

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Австрија, Александeр Ван дер Белен.

Претседателот Пендаровски остро го осуди синоќешниот терористички напад во центарот на Виена и изрази жалење за загубените животи во овој насилнички акт. Во разговорот, претседателот Пендаровски упати длабоко сочувство до граѓаните на Австрија, како и до семејствата на жртвите и повредените.

Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за сеопфатна соработка во насока на превенција и пресретнување на радикализмот и тероризмот, мотивирани од верскиот фундаментализам. Двајцата претседатели оценија дека синоќешниот терористички акт во Виена е напад врз заедничките вредности во кои веруваме и врз нашиот начин на живот.