Судот им ги одзеде пасошите на Лидија Димова и на Александар Гочев

Сподели

 

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, пред судија на претходна постапка денеска беа повикани да се произнесат Лидија Димова, за која постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело Измама на штета на средства на Европската заедница од чл. 249 – а ст.2 в.в со ст.1 в.в чл. 22 и Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 и ст.3 в.в. ст.1 в.в чл. 45 од КЗ и Александар Гочев за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Измама на штета на средства на Европската заедница од чл. 249 – а ст.2 в.в. ст 1 в.в чл. 22

Ценејќи ги фактити и причините заради кои е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлогот и на Лидија Димова и Александар Гочев им определи мерка – Одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, Обврска за повремено јавување во судот и Забрана за вршење на одредени работни дејствија, сооопштуваат од судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.