Комисија за заразни болести: Нема препорака за нови рестриктивни мерки

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски и Сузана Маневска, одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопштуваат од Минисерството за здравство.

Комисијата за нови дополнителни мерки ќе одлучува во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

„Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд“, велат од Министерството за здравство.

Доколку доследно се почитуваат мерките коишто во моментов се на силатие би дале резултати исти какви што би дал и полицискиот час, изјави министерот Филипче.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од 4 лица во текот на 24 часа како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.