Заев: Извесно е дека ќе има вето од Бугарија – Очекувам крик на пријателство

Сподели

 

 

Сѐ поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија на состанокот на Советот на ЕУ во вторник, и земјата нема да ги почне преговорите со Европската Унија и покрај позитивната одлука, изјави премиерот Заев. Но, до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од бугарската страна

-“Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете колку во проценти – повеќе отколку да добиеме позитивна одлука! Сепак никогаш не ја губам надежта заради тоа што одговорноста на политичарите е голема. До декември има време, до крајот на декември е можност за прва меѓувладина конференција. Очекувам одговорност, крик на пријателство од бугарската страна. Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа може да развие, не ни требаат такви работи ни треба пријателство подадена рака, заедно да го чекориме европскиот пат” – изјави вчера премиерот Заев од Струмица.

Тој кажа дека ако Бугарија не е задоволна од исполнувањето на договорот за добрососедство ќе има можност да стави блокада и во текот на преговорите.

Историските комисии на двете земји досега постигнале напредок и дека блиску се до компромис и за Гоце Делчев.

“За 20 месеци, одржавме 10 седници. Германија – Полска, Германија – Чешка, исти вакви комисии првите резултати ги имале на десет години од составувањето на Комисијата или се состануваат еднаш годишно. Убеден сум дека со позитивни одлуки градиме пријателство, со негативни одлуки градиме горчина. Двата народи се со заедничка историја и минато и во таа историја се развиле денешните народи. Од словенската јужна група на јазици излезени се двата јазици. Зошто не е доволно заедничко? Како тоа да биде заедничо, а да биде бугарско? Или заедничко а македонско? Заедничко е заедничко. Одговорноста останува на политичарите. Ако се позитивни историјата ќе испише позитивни златни букви. Ако се негативни ќе испише горчина. Но, јас верувам ќе бидеме мудри тоа да го направиме – рече Заев.

Бугарската министерка за надворешни работи пак, Екатерина Захаериева порача дека нема начин Бугарија да каже „да“ за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ во оваа фаза.