Филипче: Нѐ очекува критичен период, мобилизиран е целиот кадар во јавно здравство

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче, по седницата на Советот на безбедност за состојбата со КОВИД-19 изјави дека не очекува период во кој бројот на дијагностицирани случаи ќе биде линеарен и ќе има потреба од болнички капацитети.

-“Не очекува критичен период, мобилизиран е целиот кадар во јавно здравствените установи. Во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти, сите три спрата сега се целосно спремни. Спремни сме да ги ангажираме и хируршките клиники. Правиме интерен план со повеќе директори и тоа би бил следниот чекор. Во еден момент ќе треба да ги извршуваме повторно само итните интервенции и интервенциите кај пациентите со малигни заболувања,  – изјави министерот Филипче.