Управата за јавни приходи известува дека досега се одобрени 13.696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година а на 11 954 работодавачи е исплатената финансиската поддршка.
Вкупната исплата досега изнесува 907 292 339 денари а опфатени се 58.302 вработени.
Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение.