Лекот Фавипиравир ќе биде достапен во македонските аптеки

Сподели

 

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „favipiravir“  оваа недела ќе биде достапен во македонските аптеки, откако Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентите.

„Пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на ковид-19, но апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар. Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот,“ се вели во соопштението.