Крстески: Турција отворена за соработка со Државниот Архив

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари официјална средба со директорот и програмски координатор на Турската агенција за соработка и развој (ТИКА), г-дин Халим Омер Согут. На средбата беше обострано изразено задоволството од досегашната соработка меѓу државните архиви на двете земји. Покрај размената на историчари и истражувачи, од наша страна беше иницирано организирање изложба за историските врски меѓу двете земји, и тоа во Скопје и во Истанбул, во период кога ќе има подобри услови што ќе зависат од развојот на ситуацијата поврзана со пандемијата Ковид 19.
 
 
 
 
Директорот, д-р Емил Крстески го информира соговорникот дека она што лани било идеја – да се отвори одделение за османлискиот период во рамките на Државниот архив, сега е веќе реализирано и тоа одделение функционира. Крстески и Согут разговараа и за можностите за поддршка на ова одделение и пренесување на турските искуства во областа на архивистиката, како и за негово техничко доопремување. На средбата, што се одржа кон средината на ноември, присуствуваше и помошник раководителот на сектор во Државниот архив, д-р Аднан Шериф.
 
denesmagazin.mk