Во Гевгелија започна поставувањето на модуларна болница за ковид-19

Сподели

 

Во Гевгелија во текот на вчерашниот ден започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на вакви објекти ќе започне во Струмица, Куманово, Струга и Кичево.

 

 

Во сите општини забрзано се работи на активностите за реализација на проектот. Интензивно се работи на подготовки на терен, се расчистуваат локациите, локалните јавни претпријатија обезбедуваат приклучоци, стручните служби на единиците на локална самоуправа даваат максимална поддршка за што поскора реализација на проектот од Светската банка, известуваат од Министерството за здравство.

“Ја поставуваме модуларната болница во Гевгелија, забрзано работиме на проектот од Светска банка во сите 16 општини. Секој регионален ковид центар ќе има приемен и тријажен оддел, целосно опремена лабараторија, целосно опремени болнички соби и сите други помошни простории за персонал и пациенти. Како завршуваме со монтажата, така ќе пристигнува и потребната опрема и инвентар за целосно опремување, што ќе значи и сукцесивно пуштање во употреба. Упатувам благодарност до градоначалниците и до нивните јавни претпријатија за максималниот ангажман, кои се ставија целосно во функција на здравствениот систем, изјави министерот за здравство”, Венко Филипче.

 

 

Секој регионален ковид центар ќе има приемен и тријажен оддел, целосно опремена лабараторија, целосно опремени болнички соби и сите други помошни простории за персонал и пациенти.

Крајните рокови за пуштање во употреба на сите модуларни ковид центри истекуваат за три месеци.

denesmagazin.mk