Министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи, денес го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Северна Македонија Димитрис Јанакакис во проштална средба.
Министерот Османи го поздрави севкупниот ангажман на амбасадорот Јанакакис за време на неговиот мандат во Северна Македонија, во кој беа реализирани историски моменти во билатералните односи, како што беа подготовките но и самото потпишување и спроведување на Преспанскиот договор. Покрај можноста за создавање на нова фаза во билатералните односи и преземање на серија активности за нивнот продлабочување, беше овозможено нашата држава да ги оствари најзначајните надворешно политички приоритети, полноправното членство во НАТО и одлуката на Европскиот совет во март за започнување на пристапните преговори со Европската унија.
„Со нашиот заемен ангажман покажавме дека успешното разрешување на долгогодишното отворено билатерално прашање стана модел за други држави во регионот, придонесе за интензивирање на регионалната соработка и со тоа за европската перспектива на регионот“ истакна министерот Османи и додаде: „Грција продолжува да биде гласен лобист за ЕУ-напредокот на Северна Македонија и останатите држави од регионот“.
denesmagazin.mk