Битолска болница: Секој пациент се третира еднакво и според протоколите

Сподели

 

По гласините дека некои пациенти добиваат посебен третман, од Клиничката болница Битола реагираат дека ниту еден пациент во Ковид центарот во Битола не добива посебен третман.
 
“Во КОВИД центарот во ЈЗУ Клиничка болница Битола сместени се вкупно 79 пациенти и во моментот располагаме со 20 слободни кревети. Пациентите се сместуваат согласно состојбата и потребата од кислородна поддршка и тежината на клиничката слика.
 
Одговорно тврдиме дека ниту еден пациент не добива посебен третман. Во КОВИД центарот има соби со различен број на кревети во кои се сместени пациенти во зависност од нивната состојба. Секој пациент се третира еднакво и со истите достапни лекови од протоколите, од истиот персонал кој што работи во КОВИД центарот.
 
Во овие услови недозволиво е да се измислуваат приказни и да се користат имиња со цел добивање на поени од страна на формални и неформални групи, поединци, политички партии.
 

Потсетуваме дека кривично дело е да се погазува сопствената медицинска етика и да се изнесуваат податоци за пациентите, за лица кои се или не се хоспитализирани во ЈЗУ Клиничка болница” – пренесува Апла.мк.