МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно. Претпладне магливо, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Т= 11 °C, P = 971 Pa, U = 74 %, V = 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).