Оланд: Брексит е одлука која не може ниту да се поништи ниту да се пролонгира

Сподели

По повод обележување 100 години од Битката на Сома, една од најкрвавите за време на Првата Светска војна, во Типвал е одржана комеморација на која присуствуваа највисоките официјални лица на Франција и Велика Британија

thumbs_b_c_3339bc8437248dc77f602974137e8776

ПАРИЗ (АА) – Францускиот претседател, Франсоа Оланд порача дека референдумската одлука за излез на Велика Британија од ЕУ не може ниту да се пролонгира ниту да се поништи, јавува Anadolu Agency (AA).

По повод обележување 100 години од Битката на Сома, една од најкрвавите за време на Првата Светска војна, во Типвал е одржана комеморација.

На комеморацијата присуствуваа и претставниците на британското кралевско семејство. Во Битката на Сома пред точно 100 години загинаа околу 20,000 француски и британски војници, поради што претставува една од најкрвавите битки во Првата светска војна.

На маргините на комеморацијата одржан е тет-а-тет состанок на францускиот претседател Оланд и британскиот премиер Дејвид Камерон.

По споменатиот состанок, Оланд изјави дека членството во ЕУ ни нуди низа на погодности, а британскиот народ по изласување на Брексит сега размислува за тие погодности.

„Меѓутоа, одлуката е донесена и таа не може да се поништи, ниту може да се пролонгира нејзината имплементација. Сега мора да се размислува за последиците на таа одлука”, порача Оланд.

Да се потсетиме дека првиот човек на Франција и вчера изјави дека е завршена заедничката иднина на ЕУ и Велика Британија и како Европа оди понатаму без луксуз да губи време поради британската одлука.

Anadolu Agency