Се покажува дека имунитетот кој што се создава нема долго влијание, односно останува со пациентот неколку месеци. Ќе видите по социјалните мрежи дека и кај нас, кај Македонци кои биле болни годинава болеста се има вратено. Значи јасно е дека ако еднаш се прележи може да се повтори. Се претпоставува, ќе видиме во наредните месеци, дека вакцинацијата ќе створи траен имунитет, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.
-За жал во светот, веќе е јасно, дека во моментов се случува т.н трет бран. Јасно се исцртува растот на бројот на заразени. Веќе е на сцена тртиот бран кој што е навлезен во САД. Ако ја тераме Новата година како лани, барем еден дел од населението да го направи тоа, ќе дојдеме до ситуација третиот бран да се појави и кај нас. Ако досега некако се одржуваше на работ здравствениот систем, ако тераме Нови години, во ситуација сме да го турнеме во провалијата. Тоа е реалната слика, смета Д-р Митов и додава дека и поголемите и појаки држави како Германија и Франција преземаат мерки независно од последиците врз нивните силни економии и додава дека колку побрзо се прифати вакцината како решение, толку подобро за сите-изјави д-р Митов во Утрински брифинг.