Заев: Со Пендаровски имаме заеднички став дека за јазикот и националната припадност како Македонци, нема преговори

Сподели

 

“За време на традиционалното, годишно обраќање на претседателотСтево Пендаровски оваа година, бевме сведоци на одговорен пристап во согласност со државните интереси и како придонес на нашите стратешки определби”, изјави премиерот Заев.
 
 
 
 
“Придонесот што претседателот Пендаровски го даде од аспект на борбата со коронавирусот и во период кога немавме функционално Собрание, го премости периодот до изборот на новата Влада, со што се создадоа и сите предуслови за решителен институционален одговор на здравствено-социјалната и економската криза.
 
Го поздравуваме фактот што со претседателот Пендаровски сме едномислени во однос на одбраната на државните позиции и интереси за нашата иднина во ЕУ, како и во пристапот за решенија за прашањата со Бугарија.
 
Од неговото обраќање е јасно дека делиме заеднички став и едногласност дека за македонските идентитетски прашања – јазикот и националната припадност како Македонци, нема преговори. Тие се потврдени и меѓународно признаени.
 
Се потврдува и нашето заедништво и благодарност и во однос на поддршката што ја добиваме од албанскиот и од сите други народи во нашата земја, за разбирањето за нашите напори да го сочуваме и промовираме македонскиот идентитет.
 
Тоа е силна потврда и на нашето заедничка чувство дека државата доби многу со членството во НАТО, но и силна поткрепа на нашата категорична определба дека полноправното членство во Европската Унија нема алтернатива” – додаде премиерот Заев по обраќањето на претседателот Пендаровски.
 
denesmagazin.mk