Ден на настава на турски јазик, 21 декември е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница 

fb
Сподели

 

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ, 21 декември 2020 година (понеделник), Ден на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.​