БРЕГЗИТ ПРОТЕСТ: Десетици илјади маршираат низ Лондон и бараат Британија да остане во ЕУ

Сподели

Десетици илјади луѓе маршираат низ центарот на Лондон во знак на протест против одлуката, Британија да ја напушти Европската унија. Демонстрантите се собраа во Парк Лејн во 11 часот и маршираа кон плоштадот пред парламентот, преку Пикадили, плоштадот Трафалгар и Вајтхол.

pa-26771174_5

Демонстрантите го вееја знамето на ЕУ, држејќи транспаренти со слогани  “Марш за Европа” “Нашата иднина е украдена” . Тие организирано се собраа како реакција на резултатите од референдумот што ја втурнаа Британија во политички хаос. Многумина од толпата, бидејќи многу од нив се млади луѓе, се облечени во европски знамиња додека други, по лицата се ишарани во сино со жолти ѕвезди.

Иако Велика Британија гласаа со тесно мнозинство од 52 отсто спрема 48 отсто да ја напушти ЕУ, главниот град, каде што се одржа протест, гласаше да остане во ЕУ.

pa-26771500_5

The Independent