Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во коивд центрите во Клинички центар. На состанокот се разговараше за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.
Филипче кажа дека Министертсвото за здравство и оваа Влада отворија можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.
– Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари во земја со трајно вработување – рече Филипче.
Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.