Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево.
При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства.
Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава.