Санкционирани 175 возачи во Тетово – 120 за брзо возење

Сподели

 

Вчера, во периодот од 12.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје. Покрај тоа, при контролата биле откриени и 3 други видови прекршоци, соопштуваат од СВР Тетово.

 

 

Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници и така натаму.