ЛДП: Полициската сила врз студентите е порака да се стави крај на власта

Сподели

LDP-i-LI

Последните шокантни настани со интервенција на полицијата против студентите и губењето на милиони евра од Европската Унија наменети за Македонија, се јасна порака дека мора да се стави крај на оваа власт – се вели во заклучокот од денешната средба меѓу раководствата на Либерално-демократската партија (ЛДП) и Либералната интернационала (ЛИ).

На средбата, потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ ги запознал гостите од ЛИ со моменталната политичка состојба.

– За што поскоро ефикасно решение на политичката криза, потребно е обединување и формализирање на еден широк демократски опозициски фронт, кој ќе врати Македонија кон нејзините уставно гарантирани вредности на слобода, демократија и правда – изјавил секретарот на ЛИ, Џевдет Чакаров.

meta.mk