НАПУШТАЊЕ – ЈОСИП КОЦЕВ

Сподели

12187792_1611023662493453_4507339959619113865_n-1

Се напуштаме едни со други
по плоштади,
меѓу јата гулаби,
меѓу песни и тишини,
меѓу толпи и пустелии,
меѓу лета и студови,
но најлесно во кревети,
но најбрзо на перници…
Се оставаме едни со други на врвови,
меѓу подножја и стрмнини,
меѓу трипови и сомнежи,
меѓу испивања и жедности,
меѓу отрови и нектари,
но најлесно во падови,
но најбрзо во калови…