Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, оценувајќи го како штетен по угледот на државата.
“Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи.
Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија” – се наведува на фб профилот на Министерството за надворешни работи.