Србија одлучи да понуди 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, за македонските граѓани, соопшти премиерот Зоран Заев.
Премиерот Заев изјави дека ја прифатил понудата за помош од Србија и го поздрави потегот на српскиот претседател, нарекувајќи го добар знак за солидарност.
“Многу сум благодарен од името на целиот македонски народ. Станува збор за сериозен чин на пријателство, Србија сака солидарно да сподели дел од вакцините кои ги има. Вучиќ сакаше ова да биде донација, но сепак се договориме да ги платиме по набавна цена” – објави премиерот Заев.