Д-р Даниловски: Половина население имало контакт со коронавирусот

Сподели

 

“Околу половина од жителите на Македонија веќе имале контакт со вирусот, вели епидемиологот”, доктор Драган Даниловски, “и затоа бројот на нови случаи се намалува. Продолжувањето на работното време на кафеаните можеби е прерано, но нема да донесе драстично зголемување на бројот на заразени”, вели тој.

“Продолжувањето на работното време на угостителските објекти е можеби прерано, затоа што епидемијата сè уште не е поразена, но веројатно нема да предизвика големо зголемување на бројот на заболени од коронавирус, затоа што околу половина од населението веќе имало некаков контакт со вирусот и бројот на луѓе со имунитет е голем”, вели епидемиологот, доктор Драган Даниловски во разговор за Радио Слободна Европа.