Христијан Мицкоски повторно ја презема улогата на докажан извор на лажни вести и потврден деструктивец кој работи на штета на државните и националните интереси.
Мицкоски синоќа излажа дека дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија во работата и записниците на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, иако оваа лага експресно беше демантирана токму од Комисијата.
Да, Мицкоски уште еднаш излажа. Да, тој е истиот Мицкоки кој лажеше дека државата ни се распрачувала, истиот Мицкоски кој лажеше дека државата немала тестови за коронавирусот, дека лекарите немале заштитна опрема. Да, тој е истиот Мицкоски чии профили на социјалните медиуми беа индетификувани како извор на лажни вести во студија финансирана од ЕУ.
Тоа е Мицкоски, лажни вести, дезинформации, деструкции, тоа е се што им нуди на граѓаните, реагираат од СДСМ.