СТАВ: Слободан УНКОВСКИ

Сподели

757z468_Slobodan-Unkovski-222

…во братоубиствена војна која ја форсира партијата на власт а и актуелниот претседател на републиката, барем како јас разбирам. Практично, тие си играат со таа лебдечка опасност и ја ползуваат како средство за уцена, но знаеме колку малку е потребно играта да се лизне од своите рамки и да помине во крвопролевање. Многумина мислат, тоа не може да се случи во Македонија, како што многумина мислат претседателот нема да ја изведе војската на улица, како што мислат многумина дека не ќе смеат да го уапсат Заев, како што мислиме сите дека нема “ваљда” да пукаат во нас со гумени или прави куршуми, како што веруваме дека ние сме толку мала земја што немаме капацитет за граѓанска војна…Да не се лажеме, потребна е една наредба за да тргнат работите во лош правец. Наредбата може да биде од овластено лице или од квази овластено лице зошто веќе нема еден кој е со чист мандат по злоупотребите на претходните избори. Сето говорење за странски агентури во протестите, за смислено уривање на Македонија, сите обвинувања против опозицијата, уривањето на СЈО, судењата и сл. е само дел од подготовката на партијата на власт за крајното сценарио, зошто не треба никогаш да заборавиме дека нивната алтернатива е судење со големи изгледи за подолгорочен затвор. Да беа судени некои од претходните премиери, за кои имаше докази за злоупотреби, па натаму, работите ќе беа поинакви.
Политичките партии се однесуваат само како политички партии кои имаа само свои политички интереси. Во ова натегање на еден трупец над амбисот, оној што ќе падне долу не се тие туку сме ние.