Спасовски-Симовски: Соработка меѓу двете институции за престојниот попис

Сподели

 

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со преставници на Државниот завод за статистика, предводени од директорот Апостол Симовски.

На средбата се разговараше за прецизирање на условите за користењето на базите на податоци во надлежност на Министерството за внатрешни работи за престојниот попис на населението.

 

 

Од двете страни беше истакната досегашна добра соработка меѓу двете институции во насока на споделување на базите на податоци во надлежност на МВР со Заводот за стастистика кое се врши редовно на квартално ниво.

Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува работата на Државниот завод за статистика и дека, како и досега, е комплетно подготвено да одговори на сите потреби, сега и со зголемен интензитет, со цел успешно спроведување на најавениот попис на населението.