Пратеникот Костовски бесплатно ќе вози граѓани од Куманово до Скопје

Сподели

 

Пратеникот Мартин Костовски, кој живее во Куманово најави дека од утре неговите сограѓани бесплатно ќе можат да патуваат со него до Скопје. 

“Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот”.
 
“Оние сограѓани кои патуваат во Скопје а особено (пациенти,студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него. Имено негова идеја е, од причина што граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците (преку плаќање на даноци) тие да бидат и корисниците на овој превоз. Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест,а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин”.
“Мал гест, ама искрен и од срце”, – напиша пратеникот, Мартин Костовски.