Димитров: Ако договорот со Бугарија е лош, немаше од Софија да пристигнуваат барања за анекс

Сподели

 

„Дали на една земја членка и треба Договор за да ја искористи својата привилегија како земја членка и да не се согласи со определено прашање? Дали може Бугарија и без Договор да блокира? Потребата од Договор за пријателство со Бугарија настана поради влошените односи во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и за време на вашето министерување со Министерството за надворешни работи и на тоа јасно укажуваше бугарската страна пред потпишувањето на договорот“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот со Бугарија го оценија највисоко Могерини, Хан, и тројката европратеници Кукан, Флекенштајн и Вајгл и рекоа дека тој претставува голем чекор на нашата земја кон ЕУ.

„Ние сега ќе бевме во полоша ситуација да го немавме договорот. Ако договорот со Бугарија е лош, немаше од Софија да пристигнуваат барања за анекс“, нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од собраниската говорница.

Во реплика за време на дебатата, тој повтори дека тезите на интерпелацијата се потпираат на лажни вести кои беа и официјално демантирани од страна на Холандија и Данска поради шпекулации на социјалните медиуми пласирани од првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеникот Антонио Милошоски.