„Акватек“ го осветлија Охридското Езеро во боите на ретките болести

Сподели

 

 

Со осветлување на старата дрвена шина за кревање на бродовите за репарација и одржување во боите на РЕТКИТЕ, им даваме безрезервна поддршка, порачаа нуркачите од Центарот „Акватек“  кои го осветлија Охридското Езеро во боите на „ретките“.

 

 

– Се приклучуваме кон националната кампања за осветлување на културно историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со РЕТКИТЕ. Поддршка до лицата со ретки болести и нивните семејства. Ние сме исти, сакаме да се запознаеме со Вас, Ве сакаме и почитуваме. Сите сме исти, потенцираат од „Акватек“.