Сојузот на средношколци од утре привремено го прекинува бојкотот

Сподели

 

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот.

„Нашиот бојкот e последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози. Истото нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на годинешната државната матура. Ни требаат и квалитетна настава и изменета дражавна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, стои во нивното соопштение.

Средношколците бараат од МОН да го намали бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаат. Од четири предмети учениците да полагаат два предмети, и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот, но од Министерството за образование и наука и натаму стојат на ставот дека за измени во матурата ќе може да се разговара идната учебна година.