„Новинари за човекови права“ ги објави победничките цртежи кои се натпреваруваа во проектот „Смени ги климатските промени“, којшто беше реализиран од нивна страна, а поддржан од Британската Амбасада во Скопје.
Првото место го освои Сара Андоновска, чиј цртеж ќе биде поставен на билборд во Град Скопје. На натпреварот, Сара Цветановска го освои второто, а Нејла Аџија третото место.
Честитки до победничката Андоновска упати и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.
„Честитки за Сара Андоновска, победникот на натпреварот во склоп на проектот „Смени ги климатските промени”. Гласовите на младите мора да бидат слушнати“, напиша Галовеј на својот Твитер профил.