Србија чека дозвола од Фајзер за донацијата на вакцини за С. Македонија

Сподели

 

Сè е подготвено Србија да ѝ ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола на американскиот производител, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.

– Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани. Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови – истакна премиерката Брнабиќ.

– Поради неопходност од набавка на дополнителна техничка документација, испораката на вакцини во Република Северна Македонија е одложена. Вакцините ќе и бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови – се наведува во соопштението.