Беса Адеми е избрана за претседателка на Врховен суд

Сподели

 

Судскиот совет, денеска во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија, ја избра за претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми.

Со 12 гласа „за“ и 1 „против“ од мнозинството судии во Судскиот совет, Адеми е избрана за претседателка на судот. Ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1.

За ова место конкурираа и врховните судии Лидија Неделкова и Џемали Саити