Пратениците на денешната 108. собраниска седница ќе расправаат по завршната предлог-сметка на буџетот за 2015 година.
Министерот за финансии, Кирил Миноски, неодамна ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари.
Со завршната сметка за 2015 година, државниот долг изнесувал 38 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).
Министерот истакнал дека фискалните политики предвидени за 2015 година биле остварени.
Расправата во Собранието ќе се одвива без присуство на пратениците од опозицијата.