Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус од доброупатени извори.
Досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.
Пред домот на Мијалков има засилено полициско обезбедување и засега нема официјална информација од Кривичниот суд.