Премиерот порача дека очекува целосна истрага за тоа дали некој затаил во спроведувањето на решението за куќен притвор за Мијалков, а согласно тоа вели, јавно ќе побара одговорност.
Нема политички договор за бегството на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, изјави премиерот Зоран Заев.
„Апсолутно дека нема политички договор, прво јас сум среќен што како извршна власт сме обезбедиле услови во време после режим е организиран правен процес и очекувам оваа седмица како што е најавено да финишира и веќе е најавена казна и веројатно тоа е причината зошто не можело да биде пронајдено лицето Сашо Мијалков дома. Очекувам комплетно да има разрешница на случајот како што очекувам час поскоро да биде лоциран и биде ставен во домашен притвор“,
„Очекувам будно око комплетно насочено кон ова, мора да го расветлиме случајот дали бил дома дали некој толерирал и слично. Ако имало решение на суд во рацете на МВР и таа не го спровела решението одговорност ќе има најголема на свет. Да ги почекаме деталите да лоцираме одговорност. МВР постапува по закон. Постапувањето на МВР е набљудување на јавни простори за лица кои постојат сомневања дека би можело да се пуштат во бегство и слично и убеден сум дека тоа МВР го направило. Но да ограничи слободи и права треба да има судско решение“,
рече Заев.