Заев за случајот “Монструм”: Процесот е воден на транспарентен начин

Сподели

 

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговара на пратенички прашања во Парламентот.

„Секој заслужува правда, повторување на постапки и одговорност ако се огрешил пред законот. Дел од процесите завршија успешно како Сопот, дел со казни. Овој случај доби повторување“, посочи премиерот Заев, повикувајќи се на одлука од правосудните органи, во врска со инцидентот кај Смилковското езеро.

 

„Сите докази, транскрипти беа презентирани пред судот. Процесот е воден на транспарентен начин. Правосудниот систем е тој кој ги носи одлуките“, додаде премиерот Заев.

„Политичарите мора да ги тргнат рацете од судството и од обвинителството. Зошто таа година кога бевме заедно не направивме нешто?! Затоа што тоа не е наша работа. Имаме должност да охрабруваме доверба во правосудниот систем“, се обрати премиерот Заев кон пратеникот од Алијанса за Албанците кој го постави пратеничкото прашање.

Претседателот на Владата, Заев, порача дека треба „да се даде шанса на вистината“.