Најновите мерки на Централната банка на Англија денеска ја подигнаа вредноста на акциите на Лондонската берза, но фунтата повторно падна.
Индексите на европските берзи во Европа, САД и во Азија паднаа бидејќи трговците продолжија да ја следат кризата во италијанскиот банкарски сектор.
Имено, Европската централна банка предупреди дека банката „Монте деи Паски де Сијена“, која е трета најголема италијанска банка, има исклучително високо ниво на „лош“ долг.
На валутните берзи, фунтата се најде под притисок, повторно паѓајќи на 31-годишен минимум од 1,3055 долари.meta.mk