ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и на истокот повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.