Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
На средбата вицепремиерот Николовски го информираше претседателот Пендаровски за мерките од усвоениот План за борба против корупција.
Претседателот Пендаровски го поздрави системот на мерки и изрази очекување дека истите ќе овозможат ефикасна превенција и борба со корупцијата.
„Борбата против криминалот и корупцијата е од исклучително значење во процесот на евроинтеграцијата, во градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите. За да постигнеме резултати во овој процес неопходна е целосна транспарентност, соодветни законски решенија и санкции, и придонес од сите институции“, истакна на средбата претседателот Пендаровски.
Паралелно со темелни институционални промени, претседателот Пендаровски посочи дека важен сегмент во борбата со корупцијата е подигнување на јавната свест и охрабрување на граѓаните да пријавуваат случаи на корупција.