По обвинувањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, за набавката на вакцините од НР Кина, СДСМ остро ја демантира оваа лага.
“Кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно се уште силно е присутна режимската матрица и навиките за криминално и коруптивно дејствување, па во сé гледаат провизии.
Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина.
Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.
Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец.
Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните”, – се вели во соопштението на СДСМ.