Каракачанов: Многу интересни имиња од Македонија со бугарско државјанство ќе гласаат на изборите во Бугарија

Сподели

 

Над 120.000 граѓани на РС Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори, напиша Каракачанов на својот официјален фб профил.

Избирачките списоци во кои се запишани сите бугарски граѓани се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги објави, физички и преку интернет, сите оние кои имаат право на глас на нејзина територија, додаде Каракачанов.

Деновиве ги гледав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња на луѓе од Македонија кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари.

Меѓу случајните имиња на кои наидов се, на пример Александар Николоски во Софија, Антонио Милошоски во Софија, Никола Мицевски во Ќусустендил, Стефан Андоновски – Ќустендил, Марија Андоновска – Благоевград, Љупчо Димовски – Ќустендил, Бојан Стојановски – Благоевград, Иван Јорданов – Ќустендил, Игор Здравковски – Ќустендил, Марија Петрушевска – Средец, Дајанчо Ефтимов – Благоевград, Здравко Трајанов – Благоевград, Александар Пандов – Средец, Петар Богојески – Обориште, Филип Петровски – Средец, Стевица Јанева – Петрич, Тало Груевски – Благоевград.

Се разбира, секое совпаѓање на имиња со луѓе кои заземаат водечки политички и јавни функции во Македонија може да биде случајно. Меѓутоа, ако не е случајно и ако овие луѓе се оние на кои размислувам, се надевам дека и ова е во ред.

Има многу други, но секој што сака може да провери за себе и за кое било друго лице, без оглед дали е од Македонија или не. Секој исто така може да провери кои се лицата за кои станува збор.

 

 

Знам дека на многумина не им е лесно јавно да се откриваат и рекламираат како Бугари, но знам и затоа што некои од нив ги познавам лично, дека тајно ја сакаат Мајка Бугарија и сонуваат, како што рече големиот водач на ВМРО Тодор Александров, „обединување на целото бугарско племе“ – напиша Каракачанов.

Сите овие истакнати македонски Бугари, како и другите над 120.000 бугарски државјани во Македонија, имаат право на бесплатна вакцинација, како и еднаков пристап до здравствениот систем на Бугарија и целата ЕУ. Ова е вистинска солидарност на татковината Бугарија кон нејзините бројни граѓани Бугари кои живеат и во Македонија и низ целиот свет“, напиша Красимир Каракачанов.