Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од авторот Владимир Јанковски е романот кој оваа година ја однесе наградата „Роман на годината“, книжевната награда која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романот на Јанковски е објавен од издавачката куќа „Антолог“.
„Треба сите да се потрудиме литературата и уметноста да допрат до нашите сограѓани, бидејќи така создаваме посложена перспектива за животот што не опкружува. Затоа приказните и литературата се многу битни“, изјави Владимирт Јанковски при доделувањето на наградата.