ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно, студено и ветровито, во западните и јужните делови со сончеви периоди, а во источните и североисточните делови со слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен, вдолж Повардарието и на истокот силен северозападен ветер, локално со брзина и над 65 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно и ветровито со силен северозападен ветер. T= 9 °C, P= 971 hPa, U= 40 %, V= 10 m/s.