Шпанските пратеници, денеска, со големо мнозинство од 198 гласа „за“ наспроти 138 „против“, додека двајца пратеници беа воздржани од гласањето, ја легализираа евтаназијата, и покрај силното спротивставување на Католичката црква и десничарските партии.
Предлог-законот наведува дека лице кое страда од сериозна или неизлечива болест има право да побара помош при умирање, под услов тоа да го побара за да избегне неподносливо страдање. Барањето мора да се достави во писмена форма, а потоа мора да се повтори по петнаесет дена. Потоа мора да биде одобрено од двајца лекари, по што на крајот оди кај надлежната комисија.
Здравствените работници кои не сакаат да учествуваат во постапката им се признава правото на приговор на совеста.
Трошоците за постапката одат на државен буџет.
Со ова Шпанија стана четвртата земја во Европската унија што одлучи да го преземе ваквиот чекор. Белгија, Луксембург и Холандија веќе ја легализираа евтаназијата.
МИА