Златан Ибрахимовиќ ќе подготвен за денешниот реванш меч од осминафиналето во Лигата на Европа против Манчестер јунајтед.
Швеѓанецот тренираше нормално со тимот на вчерашниот собир и се очекува да биде во составот на Милан кој вечерва од 21 часот на Сан Сиро ќе се сретне со Манчестер Јунајтед. Само едно е прашањето, дали ќе биде во стартните 11 или ќе биде резерва.
Ибра ги пропушти последните четири натпревари поради повреда на десниот бутен мускул, вклучувајќи го и првиот дуел со Манчестер јунајтед, минатиот четврток на „Олд Трафорд“ кој заврши нерешено 1:1.
Поради добрите игри од стартот на сезоната во тимот на Милан, доби и покана да се врати во шведската репрезентација по скоро пет години откако се повлече од селекцијата.
За Шведска одигра 112 натпревари и е рекордер со 62 погодоци.
The post Проблеми за Јунајтед – Милан со Ибрахимовиќ во нападот на Сан Сиро! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico