Добра вест за сите љубители на тенискиот гренслем Вимблдон!

Сподели

Третиот годинешен тениски гренслем-турнир Вимблдон, има една добра вест за сите љубители на овој спорт.

вимблдон1

Организаторите конечно се решија да дозволат ограничен број на гледачи. Засега не е познато колку гледачи ќе може да присуствуваат, па од организацискиот одбор на Вимблдон најавија дека ќе чекаат скоро до последен момент, со цел да може да издејствуваат што поголем процент на посетеност.

Билетите ќе се купуваат исклучиво преку интернет, за да се избегнат турканици и тоа да стане општа закана по здравјето на сите.

Британија веќе најави дека од лето ќе дозволи публика поради добриот тек на вакцинацијата, меѓу другото и за Европското првенство, па покрај Вимблдон ќе има гледачи и на формула 1 трката во Силверстоун, светското првенство во билјард (снукер) и на уште други спортски настани.

Како што е и претходно најавено, на 17 мај во најава е отворање на спортските стадиони со присуство до 10.000 гледачи.

Финалињата во ФА-Купот и Карабао-купот треба да бидат тест за Евро 2021, на кое „Вембли“ меѓу другото е домаќин на полуфиналето и финалето.

Минатата 2020 година Вимблдон поради пандемијата не се одржа, а годинешното тениско првенство е закажано од 28 јуни до 11 јули.

The post Добра вест за сите љубители на тенискиот гренслем Вимблдон! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico