Хабиб Нурмагомедов и официјално му кажа збогум на УФЦ октагонот и на тој начин ги отстрани си шпекулации дека повторно ќе влезе во борба за да стигне и до 30-тата победа.
Така остана неговиот импресивен рекорд од 29-0, а УФЦ денеска и официјално објави дека неговиот шампионски појас е слободен.
Исто така УФЦ го отстрани Хабиб од ранг-листата во лесна категорија, како и од списокот на најдобри борци во организацијата, без оглед на тежинската категорија.
Па така Џон Џонс повторно стана најдобриот борец на УФЦ „P4P“. Џонс го загуби првото место по победата на Нурмагомедов над Џастин Гејџи во октомври 2020 година.
Титулата во лесна категорија ќе биде празна, а Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер ќе се пресметаат за појаост на 15 мај на УФЦ 262.
Хабиб пензијата ја објави уште пред пет месеци, а УФЦ минатата недела и официјално ја прифати.
The post Хабиб кажа КРАЈ, а УФЦ го направи ова! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico